Гледачи на украинската телевизија TCH доживеаја неочекувано шоу кога водителката Маричка Падалко изгуби заб среде вести во живо.
Камерата, се разбира, сними сè, а видеото брзо започна да се споделува на социјалните медиуми. Она што го привлече вниманието на многумина не беше само фактот дека и паднал заб , туку нејзината мирна реакција.
Маричка, не престанувајќи да зборува, го крена забот со раката и продолжи како да ништо не се случило.
Таа самата го сподели видеото на Инстаграм и објасни како се случило да остане без забот.
“Нова популарност стигна од никаде. Да, навистина го изгубив предниот заб денес за време на вестите во живо. Ова е веројатно најинтересното искуство за 20 години пред камерата. Преносот во живо е прекрасно затоа што секогаш е непредвидлив.”, напиша таа.
Водителката потсети на ситуацијата што и се случила во 2013 година, кога, исто така, во пренос во живо, дознала дека нејзиниот сопруг е уапсен. Во таа прилика, објавија снимки од нејзиниот сопруг во притвор.
“Еден колега ми напиша дека сум изреагирала како да ги губам забите секој ден. Не, не ги губам секој ден, но само решив да користам проблем што ми се случи пред 10 години. Имам тежок метален часовник со аларм во мојата спална соба што навистина и се допадна на ќерка ми.Таа го грабна и почна да мавта со него пред мојата глава додека спиев. И кога се проѕевав, ми го скрши половина заб .Сега конечно се решив за поправка, но не бев доволно внимателна во врска со советите на забарот да не јадам тврда храна до крајот на третманот. Затоа се случи ова. “, објасни таа.