Автомобилот „McLaren Senna LM“, произведен само во 24 примероци како посвета на нивните успеси на трката во Le Mas во 1990-та година, се нашол во рацете на поранешниот возач на Формула 1, а овој викенд во Монако завршил со удар во бандера.
Супер автомобилот од ограничената серија вреден околу 2.5 милиони долари, со портокалова боја, се движел по улиците на Монако, а завршил фатално.
Набрзо потоа се дознало дека зад воланот во моментот на несреќата седел поранешниот возач на Формула 1, Адриан Зутил, па поради тоа оваа несреќа станала ”поинтересна” за јавноста, а фотографиите од местото на несреќата се прошириле по социјалните мрежи.
Инаку, 37-годишниот Адриан Зутил во Формула 1 карирата освоил 124 поени.