Летно, свежо и супер вкусно! Во нашата кујна ги припремивме највкусните веге бургери со тиквичка. Рецепт кој вреди да се направи и дегустира.
Тиквичките се симбол на летото, а може да се приготвуваат на различни начини. Овој пат ги направивме омилените плескавици од тиквички и ги искористивме за подготовка на вкусни веге бургери.
Состојки:
- 4 лепчиња за сендвичи
- 4 листови зелена салата
- 1 домат
- 1 главица црвен кромид.
За веге плескавици од тиквичка (12-14 плескавици):
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 1 лажица сенф од Витаминка
- 3 лажици пченкарно брашно
- 5 лажици интегрално брашно
- ½ лажичка лук во прав или 2 чешниња свеж лук
- ½ ќесичка прашок за пециво од Витаминка
- 1 лажица мешан зачин Дафинка
- сол и мелен црн бибер по вкус
- копар, нане или свеж магдонос по избор
- Брилијант маслиново помас масло за пржење.
За сос:
- 4 лажици Витанез мајонез
- 1 лажица кечап
- 1 лажица сенф
- ½ лажичка кромид во прав
- ½ лажичка лук во прав
- ¼ лажичка црвена пипер
- ¼ лажичка шеќер
- прстофат сол.
Подготовка:
- Тиквичките изрендајте ги на крупната страна од рендето. Ставете ги во длабок сад и посолете ги. Оставете ги 15 минути. Потоа добро исцедете ги.
- Во садот со тиквичките додајте ги јајцата и сенфот. Измешајте ги и додајте ги пченкарното, интегралното брашно, прашокот за пециво, лукот во прав и мешаниот зачин. Добро измешајте и зачинете со сол и мелен црн бибер по вкус. На крај додајте ситно сечкан копар, нане или свеж магдонос по избор.
- Во нелеплива тава на оган, на умерено висока температура ставете 3-4 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло со помош на поголема лажица или црпалка ставете од смесата и формирајте плескавица. Плескавиците пржете ги по 1-2 минути од двете страни, додека поруменат. Пржените плескавици извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло.
- Во длабок сад ставете ги состојките за сосот и добро измешајте.
- Лепчињата за сендвичи пресечете ги на половина и потпечете ги на тостер.
- Врз едната половина на лепчето ставете по 1 лажица од сосот, зелена салата, 1-2 веге плескавици, парче кромид и домат. Ставете ја втората половина од лепчето. Постапката повторете ја со сите лепчиња. Послужете и уживајте во светот на вкусовите.