ВО КОЕ СВОЈСТВО ЌЕ БИДЕ АХМЕТИ – специјалното обвинителство не открива детали

630

Портпаролот на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, Кристофер Бенет изјави дека сè додека не се поднесе обвинението, не може да се каже зошто и во какво својство е повикан лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според него, специјалното обвинителство на Косово и судот не споделуваат детали во јавноста, се до конечното решение, па не е познато кој е обвинет и кој бил сведок. Бенет рече дека ова правило важи и за Ахмети. „Ние не даваме никакви детали за нешто поврзано со нашата истрага. Информациите што ги кажувате (дека тој бил повикан да сведочи) Мислам дека доаѓаат од самиот Ахмети“, изјави за Телма портпаролот Бенет.

Лидерот на ДУИ, па, Али Ахменти, вчера потврди дека бил повикан да сведочи пред обвинителите на Специјалното обвинителство во Косово на 2 и 3 септември.

На 22 јули, Ахмети објави дека добил покана од Специјалното обвинителство за Косово во Хаг да „сведочи како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот“. „Без двоумење, ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг“, напиша тогаш Ахмети.