Протече нова снимка која ќе ја разбесни Америка: Полицијата му пукаше на афроамериканец во грб

767

Во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконсин полицијата реагирајќи на дојава за семејно насилство, пукаше кон афроамериканец кој со повреди опасни по живот бил пренесен во болница.

Инцидентот се случил вчера во околу 17 часот по локално време, а набрзо на местото на инцидентот се собрала поголема група на граѓани кои започнале да протестираат. Ранетото лице било пренесено во болница од страна на полицијата.

Полицијата засега не објасни зошто полицајците употребиле огнено оружје, а инцидентот ќе биде истражен од страна на министерството за правосудство на сојузната држава Висконсин.

Америка ова лето сведочеше на бројни протести против полициска бруталност и расизам после трагичната смрт на 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од страна на полицијата во Минеаполис.