Конте останал зашто Интер му ветил уште нови – пет засилувања!

665

После одлуката на Антонио Конте да остане тренер на Интер и покрај најавите дека по една година го напушта кормилото на „нераѕурите“, а пет нови засилувања му ветило кинеското семејство Жанг за конечно да изгради тим по своја мерка со кој ќе го нападне тронот на Јувентус, најавија италијанските медиуми.

Настрана желбата да се донесе Лео Меси, која е (не)реална во моментов, најмногу поради големата битка што допрва ќе се води за аргентинската суперѕвезда, Интер пред да тргне во некаква операција за Аргентинецот, ќе мора да ги склопи коцките за евентуално да го убеди Меси да дојде во тим со голем капацитет и потенцијал.

Поради тоа, Жанг на Конте му ветил пет засилувања, кои ги посакува италијанскиот стратег, а досега е донесен само Хакими од Реал Мадрид, кој досега играше за Борусија Дортмунд. Втор на листата е Емерсон Палмиери, трет „новиот Пирло“ Сандро Тонали за кого медиумите најавуваа дека е близу до договор, потоа Мараш Кумбула од Верона и на крај Артуро Видал или Ндомбеле од Тотнем.

Конте сака да го продаде Мартин Шкринијар или евентуално да го даде во замена за Ндомбеле, а во случајот со Видал ситуацијата му е чиста, зашто Барселона веќе се откажа од чилеанската ѕвезда. Од друга страна, Конте би го продал и Марцело Брозовиќ, хрватскиот плејмејкер за добра сума на пари, за да се покрие трошокот за веќе откупениот Алексис Санчез и Хакими, но и да се направи простор во буџетот.

И секако Лаутаро Мартинез по никоја цена да не биде продаден.