Германија ќе ги укине задолжителните тестови за корона вирус за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира на тестирање лица со симптоми или на оние кои биле во контакт со Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.
Тој рече дека за време на летните одмори, бројот на тестови во Германија речиси двојно се зголемил, на 900.000 неделно, делумно за да се идентификуваат луѓето кои се заразиле во странство.
Досега, на луѓето кои се враќаа од епидемиолошки ризични области им беше овозможено бесплатно тестирање на германските гранични премини, со цел да избегнатт задолжителен двонеделен карантин ако се негативни на тестот.