Тачи бара да биде укинат Специјалниот суд во Хаг каде се судат членовите на УЧК!

648

Хашим Тачи, претседателот на Косово, побара парламентот во Приштина да донесе одлука со која ќе се ограничи мандатот на Специјалниот суд за УЧК во Хаг до одлуката на Советот на Европската унија за негово затворање.

Тачи рече дека верува дека косовските пратеници ќе ја поддржат неговата иницијатива, бидејќи „политиката не смее да се меша во судството, ниту судството треба да се меша во политиката“.

Верував во тоа поддржувајќи го формирањето меѓународни судови и специјални комисии во последните 20 години. Тоа е сè уште мое убедување, дури и сега кога барам од парламентот мандатот на Специјализираниот и Канцеларијата на специјализираниот обвинител да трае до крајот на мандатот, за што одлучува Советот на Европската унија во консултација со Владата на Косово, рече Тачи, додавајќи дека треба да биде се јасно во врска со затворањето на судот.

Судовите назначени од меѓународната заедница за судење на припадниците на УЧК се нечесни, истакна Тачи.

Инаку, шестмесечниот рок за потврдување на обвиненијата поднесени до судот од страна на Специјалното јавно обвинителство во Приштина истече во понеделникот, но судиите не објавија ниту едно од нивните решенија, ниту пак се познати детали за обвиненијата. Меѓу осомничените се Хашим Тачи и Кадри Весели. Двајцата беа обвинети на 24 април. Експертите проценуваат дека, според сите проценки, обвиненијата нема да бидат објавени, а веројатно и нема да се потврдени.