Александра Заева ужива во летото (ФОТО)

1468

Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е згодна, а очигледно и под големо влијание на модните трендови.

Неодамна Александра зачекори и на модната писта, на хуманитарниот настан во организација на здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица.

Александра е мошне популарна на Инстаграм, каде има голем број фанови, кои одвреме-навреме знае да ги почести и со по некоја „пикантна“ фотографија.

Овој пат, Александра, која е посветена на своите студии, објави фотографија на која позира под жешкото сонце.

Во прашање е модел што го освои Инстаграм и е хит оваа летна сезона. Тоа е белата боја, која со потемнетиот тен, навистина е беспрекорна комбинација.

Едноделните костими за капење и претходната сезона го најавија своето враќање на сцената и станаа избор што се наметнува пред класичните бикини и дводелните модели за на плажа.

Моделот што го носеше убавата струмичанка се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд и ова лето.

Фото: Инстаграм профил на Александра Заева