Милвоки Бакс го загубија и првиот натпревар од првото коло против Орландо, па врзаа четири победи и се пласираа во полуфиналето на Источната Конференција. Тоа значи дуел со ултра мотивираниот тим на Мајами Хит, „Жешките“ ја прегазија Индијана со чисти 4-0 во победи, во првото коло на плеј-офот.
На почетокот од полуфиналната серија на Источната конференција, “елените” повторно го загубија првиот натпревар, најмногу поради одличниот Џими Батлер кој го сруши тимот со најдобар резултат во лигата, Мајами славеше со 115:104.Играчите на Мајами уште на стартот покажаа дека се повеќе од сериозен противник. Водеа против “Бакси” во првата четвртина, но од самиот почеток беше јасно дека не чека тесен натпревар. Играчите на тренерот Мајк Буденхолцер водеа до полувремето, а во третата четвртина Мајами започна да ги менува работите. Следуваше пресврт, па на последната пауза заминаа со шест поени предност.Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, но во финишот, Џими Батлер ги презеде работите во свои раце. Мајами поведува со 1:0 a “Џими бакетс” достигнува рекорд во кариерата (кога се во прашање пост-сезонските натпревари).
Батлер го заврши мечот со 40 поени (65% шут од играта). Следен беше од Словенецот Горан Драгич со 27 поени, Бем Адебајо со 12 поени и 17 скока, додека младиот шутер Тајлер Хиро додаде 11поени. Кај Милвоки, Мидлтон постигна 28 поени, Брук Лопез додаде 24, Јанис Антетокумпо постигна (за него прескромни) 18 поени со 10 скока.
NBA FAN
Димитар Младеновски