Се огласи сопругата на Ѓоковиќ после неговата дисквалификација

675

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ во неделата бил дисквалификуван од натпреварот, бидејќи за време на првиот сет против Пабло Карењо-Буста со топче погодил линиски судија.

После кратка консултација на главниот судија и супервизорот, одлучиле да го дисквалификуваат од натпреварот како прв носител, а неговата сопруга се огласила по тој повод на социјалните мрежи.

„Целава ситуација ме прави навистина тажна и празна. Проверив како се чувствува линиската судијка и според информациите кои ги добив, добро се чувствува. Многу ми е жал што ѝ нанесов толкав стрес. Не беше намерно. Беше погрешно“, напишал Новак.

Српскиот тенисер потоа им се извинил на организаторите на натпреварот поради својата постапка.

Кратко потоа, сопругата на Новак, Јелена, напишала јасна порака за својата посилна половина.

„Секогаш покрај тебе, љубов“, кратко напишала Јелена под неговата објава.