Македонија денеска го одбележува 8 септември, денот на независноста. Пред 29 години, на денешен ден 1991 година, 95,09 процентии од граѓаните се изјазнија „ЗА“, суверена и независна Македонија на историскиот референдум.
Прашањето на кое позитивно одговорија мнозинството гласачи беше: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“, а според официјалните податоци, од тогашните запишани 1.495.626 гласачи, на референдумот излегле 1.132.981 граѓани со право на глас, од кои „ЗА“, заокруѓиле дури 1.079.308 граѓани или 95,09.
Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.
Декларација за независност што ја усвои првиот повеќепартиски Македонски парламент беше изгласана неколку месеци претходно, односно на 25. јануари 1991 година, а усвојувањето на новиот Устав следеше по Референдумот, оснонсно беше донесен на 17. ноември 1991 година.
Во хронологијата на настаните, дефинитивно влегува 8.април 1994 година кога е потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации. Македонија тогаш е примена за 181 полноправна членка на Светската организација, но поради притисоците од страна на Грција за името, државата е зачленета под привремената референца ПЈРМ, или Поранешна Југословенска Република Македонија. Овој спор добива разрешница во најновата историја на државата на 17.јуни 2018 година, со промена на уставното име, кое сега гласи Северна Република Македонија.