Дескоски: Знамето со Сонцето од Вергина не е македонско, треба да се ослободиме од овој грчки симбол

1100
Тони Дескоски, професор по меѓународно приватно право и по меѓународно арбитражно право на Правниот факултет „Јустинијана Прима“ во Скопје, смета дека сонцето од Кутлеш е „најголемото подметнување на македонизмот“.
Знамето со Сонцето од Вергина не е македонско национално знаме. Само три години беше државно и тоа беше една од најголемите грешки. Тој симбол не го познавале ни Илинденците, а ни партизаните во НОБ. Тоа знаме е најголемото подметнување на македонизмот. Треба сложно да го отфрлиме и да се ослободиме од овој грчки симбол. Грците нека си ги величаат своите симболи“, коментира сопругот на донеодамнешната министерка за правда Рената Дескоска под објавата на Фејсбук на еден од основачите на организацијата Македонски национален совет, Роберт Милески.

Дескоски беше дел од тимот што ја застапуваше Република Македонија во добиениот спор со Грција пред Меѓународниот суд во Хаг во 2011 година за прекршување на Привремената спогодба.