Како што пренесува шпанскиот тиражен медиум „Мундо Депортиво“ Пол Погба сериозно размислува за напуштање на Манчестер Јунајтед. Французинот не е во најдобри односи со Жозе Мурињо и наводно притискал за заминување од клубот, второ негово во кариерата.
Агентот на Погба, Мино Раиола ќе притиска неговиот фудбалер да си замине од Манчестер Јунајтед, две сезони откако се врати на „Театарот на соништата“.
Најпрвин „Скај Италија“ ја откри првата понуда која стигнала на адреса на Манчестер Јунајтед за услугите на Погба. Наводно, од Барселона испратиле понуда во висина од 45 милиони фунти плус Андре Гомеш и Јери Мина.Оваа понуда веднаш била отфрлена од страна на Ед Вудвард кој не сака да слушне за продажба на Погба под сто милиони фунти.
,,Каталонците” се свесни дека ќе треба да го одврзат ќесето за Погба во износ од 100 милиони фунти, ако сакаат да го донесат во своите редови, а планот по кој тоа ќе го направат, ќе биде оној истиот, како што го направија со Филипе Кутињо, каде после толку притискања и извршени притисоци, го донесоа во Барса.