Шокантна сцена во Германија – по убедлив пораз од својот поранешен клуб Динамо од Дрезден и провокација од трибините, фудбалерот на Хамбург, Тони Лајстнер, решил физички да се пресмета со еден навивач од домашниот тим.
Динамо на својот стадиот „Рудолф Харбинг“ убедливо го совлада некогаш моќниот ХСВ со 4:1 и со тоа го исфрли од купот на Германија.
Лајстнер изненадно го прекинал интервјуто кое го давал на трибините, му пришол на еден навивач на Динамо, го фатил со двете раце и го соборил на земја.
Тони Лајстнер е роден во Дрезден и претходно настапуваше за Динамо, па поради тоа бил на мета на навивач од поранешниот клуб. Фудбалерот на Хамбург тврди дека навивачите му го навредувале семејството и дека поради тоа изгубил контрола.
Ugly scenes in the DFB-Pokal as Hamburg defender Toni Leistner angrily confronts a fan in the stands 😮 pic.twitter.com/nFJvNOME0x
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) September 14, 2020