Рускиот опозиционер објави на својата Инстаграм страница своја прва фотографија по будењето од кома.
„Здраво, овде Навални. Ми недостасувате. Се уште ништо не можам да правам, но вчера цел ден можев самостојно да дишам. Вез помош од страна, дури не користев ниту обичен вентил во грло. Многу ми се допаѓаше“, напиша Навални на својот Инстаграм.
Потсетуваме, германската Влада соопшти вчера дека Алексеј Навани кој лежи во берлинската болница „Шаритас“ е отруен со супстанцата „новичок“. Руската страна негира дека во организмот на Навални додека се наоѓал на територија на Русија се наоѓал тој отров.