Странските медиуми: Амал го избрка Џорџ од дома

529

Актерот Џорџ Клуни и неговата 16 години помлада сопруга, адвокатката Амал често се тема на странски медиуми поради нивниот бурен однос.

Оваа славна двојка наводно веќе извесно време има проблеми во бракот, а сè започнало кога требало да одлучат дали животот, кога тригодишните близнаци ќе почнат на училиште, ќе го продолжат во Лос Анџелес или ќе се преселат во Лондон.

Тамошните медиуми постојано шпекулираат дека Амал и Џорџ наскоро би можеле да стават крај на бракот поради зачестените несогласувања, а како што сега пренесуваат, се чини дека навистина дошло до крајот, бидејќи адвокатката го избркала актерот од куќата откако тој не сакал ниту да размисли за нејзината идеја за уште едно дете.

Двојката неодамна наводно се скарала толку жестоко, така што Џорџ веднаш ја напуштил куќата каде што моментално живеат, и веќе еден месец не живеат заедно.