Кој е генералот Симиќ, на кој пејачката Љупка Стевиќ му ги искрши двата автомобили?

1296

Пејачката Љупка Стевиќ, која завчера вечер ги искрши двата атвтомобили на љубовникот Драгиша Симиќ, кој е генерал на полицијата во Белград и многу интересна личност за белградската чаршија и таблоидите.

Полицискиот генерал и бивши началник на Сообраќајната полиција во јавноста е познат како по својата слабост на пејачки, така и по бројни успешни акции, меѓу кои и апсењето на членовите на разбојничката група Пинк Пантер.

Пред неколку години исто така доспеа до јавноста заради Љупка Стевиќ, која направи судар во Белград со автомобил марка Бентли, кој бил запленет од полицијата, а и припаѓал на една нарко група, која била уапсена заради шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка.

 

Овој случај тогаш предизвика невиден скандал, во кој дури се вклучи сопственикот на автомобилот Шариќ, кој се жалеше дека покрај тоа што имотот им е бесправно конфискуван но во исто време е распродаден на јавна аукција и даден во употреба на блиски луѓе на тогашната власт, па дури и на љубовниците на функционерите.

Успешната полициска кариера на генералот Симиќ беше прекината по овие настани.  Тогаш освен што беше сменет од началник на полицијата, брзо беше и обвинет за злоупотреба на службената позиција и малверзации со казни за сообраќајни прекршоци.

View this post on Instagram

Svečana uniforma saobracajne policije RS #2013 #tb

A post shared by Dragisa Simic (@generalsimic) on

Му ги искрши автомобилите и заврши во болница- српската пејачка не можеше да се помири од тоа што го дозна по 10 годишната врска