NBA колумна на Димитар Младеновски-Ентони Дејвис со кош за победа (ВИДЕО)

1096

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во драматична завршница, успеаа да извојуваат победа (со 105:103) во вториот натпревар од финалето на Западот. Ентони Дејвис бешe херојот на Лејкерс-и погодувајќи победничка тројка со звукот на сирената.Српскиот кошаркар Никола Јокич буквално сам ги врати Нагетс-и во живот, откако тимот на Мајк Мелоун беше во негатива од 100:92 на три минути до крајот. “Џокерот” ги презеде работите во свои раце и со 13 поени во низа му донесе предност на Денвер пред последниот напад, при резултат 102:103. На две секунди до крајот, Мајлс Пламли го остави Ентони Дејвис отворен на шут, а тој непречено погоди тројка за втора победа на “езерџиите”.

Ентони Дејвис беше најефикасен со 31 поен, додека Леброн Џејмс имаше 26 поени и 11 скокови. Кај тимот од Колорадо, Никола Јокич натпреварот го заврши со 30 поени и 9 успешни додавања. Го следеше Џемајл Мареј со 25 поени.

NBA FAN

Димитар Младеновски