Откупот на грозје во Кавадарци со инцидент, Јанчев мораше да смирува (ВИДЕО)

714
Откупот се одвивал во најдобар ред до еден момент кога се сличил инциден па градоначалникот Митко Јанчев морал да ја смирува ситуацијата.

Вчера педесетина трактори биле собрани пред „Вардар винарија“ во Кавадарци. Тие дошле да го предадат грозјето, кое поради лошите временски услови е со лош квалитет а од него е планирано да се прави дестилат.

Поголем дел од присутните лозари кои дошле да го предадат грозјето биле клиенти на винаријата. Но еден дел од околу 15 трактори, после два дена чекање, дошле од откупниот пункт ка „лазово мовче“ откако не им било откупено грозјето. Тоа било причина за создавање тензична атмосфера и привремен прекин на откупот.

За смирување на ситуацијата интервенирал градоначалникот Митко Јанчев со своите соработници, по што откупот во „Вардар винарија“ продолжил . Градоначалникот Јанчев се задржал во винаријата и го гледел целиот процес на предавањето на грозјето.

Од визбата потврдиле дека ќе биде откупено целото грозје кое е со делеку пониска шекерност од 18%. За грозјето од винаријата лозарите ќе добијат по 3 денари, а од државата ќе добијат 8 денари како поддршка, поради лошиот квалитет на грозјето.

Одредени лозари добиле откупни пелешки со впишана цена од 2 денари по килограм. На нив им било ветено дека ќе се направи корекцијана белешките, но и се потсетени дека не треба да ги заборават оние 8 денари што ќе ги добијат од државата.

На откупниот пункт бил присутен и претседателот на здружението „Напредни лозари“ Трајче Кулев. Во изјава за КТВ, тој најгласил дека влоќиле максимални напори да се откупи целиот род.