Ерменија прогласи воена состојба во Нагорно –Карабах, ЕУ бара итен прекин на огнот

553
Прогласена воена состојба во Ерменија по жестокиот судир со Азербејџанските воени сили на граничниот регион помеѓу двете земји Нагорно-Карабах.

Пресметката која започна вчера изутрина се одвива со тешка артилерија, а според информациите до сега се уништени преку десет азербејџански тенка, 4 хеликоптери и 15 беспилотни летала. Додека двете страни се обвинуваат кој го започнал конфликотот се бројат цивилни жртви и повреди.

Ерменските сили утринава почнаа да пукаат на местоположбите и населението во разни правци. Оганот произлезе од различно оружје, вклучувајќи го и воениот калибар. Тоа е уште една војна провокација на Ерменија. – Илхам Алијев – Претседател на Азербејџан

Преку твитер се огласи и Ерменскиот премиер.

Неодамнешните агресивни изјави на азербејџанското раководство, сеопфатните заедничкивоени вежби со Турција, како и неприфаќањето на предлогот на ОБСЕ за мониторинг, јасно укажуваат дека агресијата била планирана и претходно и дека станува голема провокација против мирот и безбедноста во регионот.- Никол Пашињан – Премиер на Ерменија

Судирот може и дополнително да ескалира откако ерменскиот премиер Никол Пашињан како што јавуваат медиумите, во парламентот соопштил дека се разгледуваат сите опции, вклучително и димпоматско признавање на Карабах…

ЕУ повика на итен прекин на огнот и враќање на преговорачката маса Претседателот на европскиот совет Шарл Мишел изјави дека

Последниот извештај од конфликтната зона во Нагорно-Карабах е сериозно загрижувачки. Воената акција мора да запре итно за да се избегне понатамошна ескалација. Моментално и безусловно враќање на преговорите е единствениот пат за решавање на ситуацијата, вели Мипшел.

несогласувањата околу Нагорно-Карабах помеѓу Ерменија и Азербејџан се децениски. Во регионот живеат Азери, но преовладува ерменската националност.