Уметникот Ра Полет поминал 25 години така што секој ден сам одел во пештерата во Ново Мексико и го поминувал времето внатре, а што направил – може да погледнете во видеото.
Тој со години од мрачната пештера создавал преубаво место во кое што „ќе си играат светлината и облаците“.
Ра сето тоа што го создал го направил со свои раце, без помош на машини.
Пред сè, го инспирирала природата, па сакал целосно да ја истражи. Тој направил различни соби, ги пробивал за до нив да стигнува природната светлина, па исцртал различни облици и структури по ѕидовите.
Полет направил многу соби во пештерата, но само една е отворена за посетители и служи како место за лекување.
Погледнете ја оваа чудотворба создадена од човекова рака – навистина беспрекорен талент!