Итен состанок на комисијата за заразни болести со Филипче: Ќе следува ли карантин во Македонија?

1171

Во моментов се одржува консултација на Министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, информираат од ресорното министерство.

„На состанокот се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со Ковид-19 во земјава“, стои во соопштението во кое се додава дека министерството ќе достави повеќе информации по завршување на консултативната средба.

Денеска здравствените власти регистрираа 225 нови случаи на инфекција, на 1.694 направени тестови, што е зголемување во однос на дневната бројкта од претходните недели.

Исто така во изминатите 24 часа пријавени се шест смртни случаи од компликации предизвикани од Ковид-19.