NBA колумна на Димитар Младеновски-Лејкерси на чекор до титулата (ВИДЕО)

1132

Лос Анџелес Лејкерс се на чекот до освојувањето на својата 18 шампионска титула. Во тврд и неизвесен натпревар, конечно го скршија отпорот на Мајами Хит. Победија со 102:96, и поведоа со 3:1 во победи.Четвртиот натпревар беше најнеизвесниот како и најквалитетниот во финалната серија до сега. Двата тима не успеваа да се одлепат на повеќе од 5 поени предност. Последната четвртина беше една сосема нова приказна. Лејкерси ја превземаа контролата до конечен триумф.“Езерџиите” повторно беа предводени од ЛеБрон Џејмс кој имаше одлична партија сочинета од 28 поени, 12 скокови плус 8 успешни додавања. Следуваше Ентони Дејвис со 22 поени а вистинско изненадување предизвика играта на дефанзивно ориентираниот Кантевиус Калдвел-Поуп. “Кеј Си Пи” постигна 15 поени со одличен процент на шут и токму неговата игра на крајот на мечот заедно со балансираниот напад кој го водеше Рејжон Рондо беше клучен за успехот на тимот.

Шанса за големо славје, Лејкерси имаат веќе во Петок за кога е закажан петтиот меч.

NBA FAN

Димитар Младеновски