Заев: Со влегувањето во ЕУ до поголем економски раст и подобар животен стандард

938

Македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил повторно излезе со став околу придобивките од влегувањето на Македонија во Европската унија, овојпат за зголемувањето на животниот стандард за граѓаните.

– Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард. Со влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи. Ќе имаме зголемен извоз и економски раст, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.