Скандал: Шпански фудбалери се соочуваат со пет години затвор за – експлицитно видео

810

Тројца фудбалери на шпански Еибар се соочуваат со долгогодишни затворски казни, откако голем скандал ги потресе Пиринеите, откако триото е обвинето дека без согласност снимале експлицитно видео со една девојка.

Станува збор за Серџи Ерик и поранешните негови соиграчи Антонио Луна и Еди Силвестре, па тројцата снимиле видео со експлицитна содржина и потоа го ширеле својот материјал, па сега има се заканува затвор од три до пет години. Најмалку може да добие Силвестре, кој го снимал видеото, па за него обвинителството бара три години затвор.

За Ерик и Луна, пак, се бара затвор од пет години зашто учествувале во исото, но направиле уште поголемо кривично дело, што видео-материјалот потоа го ширеле на сите страни, па така на оштетената трета страна и нанеле дополнителни психолошки проблеми. Покрај затворската казна, ако бидат осудени, се очекува да добијат и огромни парични казни кои ќе треба да ѝ ги исплатат на оштетената.

Ерик има 30 години, Луна е една година помлад, а Силвестре има 28 години и ако завршат зад решетки, тоа ќе значи веќе извесно крај на нивните професионални фудбалски кариери.