Се смета за мутант, си вградил рогови, а делови од ушите си чува во тегла(ФОТО)

663
Обожавател на екстремни модификации на телото од Италија, покрил повеќе од 70% од неговото тело со тетоважи, си вградил рогови во главата, го разделил јазикот на два дела и чува парчиња од ушите во тегла.

Самопрогласениот мутант Николи Саверино од Априлија претрпел бројни екстремни модификации со текот на годините, а својата прва тетоважа ја направил на 18-годишна возраст.

27-годишникот со болна процедура го поделил јазикот на два дела, а на лицето има и 13 пирси, пренесува Daily Star.

Бизарно, Николо дури си исекол парчиња од ушите и ги ставил во тегла за да може да ги гледа.

Тој вели дека сака да го покрие целото тело со црна боја, а во моментов околу 70% од неговото тело е покриено со мастило.

View this post on Instagram

Non potevo non conservarli 😂

A post shared by Nicolò Saverino (@mutant_man_official) on

„Трошам пари само за тоа затоа што сакам да го менувам своето тело и сакам нови предизвици“, рече тој. “Гледам убавина во ужасот. Не сакам да имам референци или идоли, претпочитам да бидам оригинален без да копирам други”.

„Се соочував со многу проблеми растејќи и морав да надминам толку пречки, што исто така доведе до промена на изгледот“, вели тој. “Ме воспитаа баба ми, која ја нарекувам мајка и дедо ми. Мајка ми не беше присутна во мојот живот”.

Тој е свесен дека неговиот изглед предизвикува поделени реакции, но одбива да се фокусира на негативните коментари. „Многу луѓе ми даваат комплименти поради изгледот, затоа што сум слободен да се изразам преку мојата величествена уметност.

View this post on Instagram

Un po' di colore ci sta sempre 🌈

A post shared by Nicolò Saverino (@mutant_man_official) on

“Има и многу навредливи коментари кои се вистински навреди, но научив да се контролирам и да го игнорирам тоа. Некои луѓе се премногу фокусирани на одземање на позитивноста од другите”.

“Моите пријатели и семејството ги поддржуваат моите модификации. Тие се среќни за мене, ме сакаат онаков каков што сум.”

Николо се надева дека ќе може да ги охрабри другите да ја прифатат нивната индивидуалност и да се изразат. „Животот може да оди во погрешна насока и во најголем дел од времето може да биде тежок, но вреди да се живее“, вели тој, порачувајќи им на луѓето да не се плашат да се изразат и да се најдат себе си.

“Имате само еден живот и го сакате оној што го сакате. Имајте храброст да продолжите понатаму, притоа останувајќи скромен и покажувајќи почит кон секого”.