Италија се заљуби во Португалецот: Роналдо со еден потег во саботата ги освои Апенините

893

Италијанците се воодушевени од официјално најдобриот фудбалер на светот, а голманот на Киево кој го фрустрираше во текот на целиот меч откри што се случило во текот на вечерта.

Роналдо одигра добар натпревар на дебито во Верона, недостасуваа само голови, упати шест удари, а два пати Сорентино спасуваше сигурен погодок.

Тоа го фрустрираше Кристијано Роналдо, но на крајот Јуве се радуваше во финишот откако направија пресврт и со голот на Бернардески дојдоа до трите бода.

Роналдо делуваше подобро кога се префрли на лево крило, па тоа ќе биде слатка мака за Алегри да донесе одлука за мечот со Лацио следниот викенд, бидејќи се чини дека за Дибала мора да најде место, а од друга страна Бернардески е одличен и многумина сметаат дека треба да игра пред Аргентинецот.

Сепак, денеска доминира веста за постапката на Роналдо.

Во еден дуел по кој Јувентус постигна гол, кој беше поништен по консултациите односно употребата на ВАР технологијата, Роналдо се судри со Сорентино кој остана во несвест и мораше да биде заменет.

Сорентино сега е добро, а ветеранот откри што се случило во саботата вечер.

„Роналдо ми испрати порака, беше многу загрижен поради она што се случи, го интересираше дали сум добро. Ти благодарам легендо“, напиша Сорентино на својот Твитер профил.