Азербејџан во војската ги вклучува своите најубави жени од шоу-бизнисот! Актерки, мисици и пејачки облекле униформи

555

Азербејџанските убавици од шоу-бизнисот облекле воени униформи и соопштиле дека се подготвени да ги ризикуваат животите и да одат на фронт во Нагорно-Карабах.

Актерката Парвин Абијева во интервју за “Sputnik” признала дека од почетокот на судирите во Нагорно-Карабах неколку пати била на линијата на фронтот. Одлучила заедно со своите колеги да ги поддржи азербејџанските војници.

“Никогаш не се плашев да ризикувам. Имам 30 години и секоја година мечтаам да ни се врати нашата земја. Конечно, мојот сон се остварува. Ако биде потребно, подготвена сум да одам на првата линија на фронтот и да им пружам помош на војниците”, вели Абијева.

Рази Алијева, која има титула Мис Азербејџан од 2017-та година изјавила дека секој ден сака само едно, а тоа е крај на судирите околу Нагорно-Карабах. Никогаш не била на линијата на фронтот, но ако е потребно, подготвена е да оди. Манекенката секојдневно се моли за здравјето на Азербејџанските војници и чека победа.

View this post on Instagram

🇦🇿🙏🏻 Allah qorusun esgerlerimizi!

A post shared by MiNA (@minahuseyn_official) on

Пејачката Мина Хусеин веќе неколку пати учествувала во акции за помош на војниците.

Пејачката Ѓунај Ибрахимли смета дека изведувачите се должни морално да ги поддржат азербејџанските војници. За ова, според нејзините зборови, потребно е да објават уште патриотски проекти, клипови и композиции кои би ја охрабриле војската.