Пожарникарите не успеа да се договорат со градоначалниот на Скопје, Петре Шилегов околу барањата за исплаќање на додатоците за плата. На пожарнирарите, со законски измени од 2014 година им е овозможено поради ризичноста на работното место да добиваат додаток на основната плата од 20 отсто, но ваквиот додаток не им бил исплаќан. Затоа некој од нив го тужеле Градот. Шилегов им понуди медијација, сѐ додека следната година не се донесе новиот Закон, но за пожарнирите ваквата понуда е неприфатлива, со што најавија дека ќе продожат да протестираат.
Се вршат измени во Законот за пожарникарство, кои што треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно градот им ја врши исплатата“, рече Шилегов.
„Не сме задоволни од денешната понуда на градоначникот кој е три години на функција. Имаше време да го среди Законот до сега и ние ќе продолжиме со нашата агенда односно протест пред Град Скопје“, рече Дејан Исаевски-командир во противпожарната бригада.