Хабиб се враќа да живее во селото во Дагестан и упати порака за сите

557
Планинското место од каде потекнува УФЦ шампионот е како да е застанато со времето.

Нема ни 24 часа откако Хабиб Нурмагомедов стигна до 29 победа во 29 меч, а потоа реши да стави крај на перфектната кариера. Шампионот од Дагестан го победи Џастин Гејџи, а потоа најави дека нема шанси да се врати во рингот, затоа што тоа го ветил на својата мајка.

Пред неколку месеци почина таткото на Хабиб, кој беше и негов тренер, а тоа беше голем удар за шампионот. Сепак, Хабиб собра сили да влезе уште еднаш во октагонот и да блесне против Гејџи, а потоа со плачење да соопшти дека си заминува од овој спорт.

Хабиб откри дека неговиот план е да се врати во родното село во Дагестан и да поминува повеќе време со неговата мајка. Покрај тоа, борецот ќе отвори академија каде ќе се обиде да создаде нови УФЦ шампиони.

„Кога во 2008 година започнав со сето ова и кога во 2012 година потпишав договор со УФЦ, многумина не веруваа во мене. Мислеа дека нема што да барам тука. Јас сум обичен човек од едно мало планинско село во Дагестан. Брат ми вчера ми рече дека според Гугл, моето име било најпребарувано во целиот свет. Не можев да верувам. Татко ми и јас сонувавме да станам шампион, но не ни можев да сонувам дека вакви работи ќе ми се случуваат“, вели Хабиб, кој порача дека сите треба да ги сакаат и ценат своите родители.

„Ако имате родители, бидете блиску до нив. Мене ми остана само уште мајка ми и сакам со нејзе да поминувам што е можно повеќе време“, порача непобедливиот Хабиб, кој од татко му ја наследи салата во која многу деца тренираат и мечтаат дека еден ден ќе бидат новите УФЦ шампиони.