
Продолжува изборната драма во САД. Некои медиуми веќе јавуваат дека Џо Бајден ја освоил и Аризона, но таму се уште трае пребројување на гласовите во неколку окрузи. Аризона носи 11 електронски гласови. Ако се преброи таа држава, противникот на актулениот претседател Доналд Трамп ќе има 264 гласа. Според ова, Бајден го делат уште шест гласа до Белата куќа.
Се чекаат гласови од Џорџија, Невада, Северна Каролина и Пенсилванија која носи 20 електронски гласа.
За победа е потребно еден од кандидатите да освои 27 електронски гласа.
Бајден одржа говор во кој рече дека очекува да победи, а Трамп тврди дека е направна изборна измама и најави дека ќе се бори тоа да го докаже.
Од изборниот штаб на Трамп најавија дека во 17,30 по средноевровско време ќе имаат „голема објава“ во Лас Вегас, Невада.
„Фокс њуз“ јавува дека Трамп планира да ја тужи Невада поради 10 илјади гласови кои се „отселиле“ од држвата, а таму гласале.
Според моменталните податоци на „АП“, во Невада моментално ситуација е неизвесна. Бајден има блага предност со 49,3 отсто електорнскии гласови, а Трамп 48,7 отсто. Невада носи шест електронски гласа.