Еден од најдобрите НБА играчи, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ својата долгогодишна избраничка Даниела Рајиќ – ја запросил.
Српската Ким Кардашијан и славниот кошаркар решиле да ја крунисаат својата љубов со брак.
Снимките и фотографиите од романтичната веридба ги преплавиле социјалните мрежи. Даниела го покажала скапоцениот дијамантски прстен.
Даниела и Пол имаа две ќерки, Оливија и Наташа, но нивната љубов не била секогаш идилична.
Баш напротив…
Тие се запознале во Мајами во 2015-та година. Во тој период Даниела работела како стриптизета. Се гледале неколку месеци пред да биде откриено дека Даниела е бремена.
Пол Џорџ тврдел дека детето не е негово, а потоа Даниела го тужела. Со ДНК анализа било потврдено дека татко на девојчето е Пол.
Потоа Даниела го тужела Џорџ затоа што ѝ понудил еден милион долари за да ја прекине бременоста, но подоцна се откажала од тужбата.
Кошаркарот го возвратил ударот и ја тужел убавата Србинка, затоа што барал да биде старател на девојчето. Долго време „се влечеле“ по судови, па се договориле да го делат старателството.
По подолго време, тие ја обновиле својата романса во ноември 2017-та година кога ја добиле и втората ќерка Наташа.
Даниела денеска е најголемата поддршка на кошаркарот.