Големи немири избија во Ерменија: Демонстранти го претепаа претседателот на парламентот

590

Во главниот град на Ерменија, Ереван ноќеска настана тотален хаос откако беше соопштено дека е постигнат договор за прекин на судирите во Нагорно-Карабах. Народот излезе на улиците незадоволен од договорот, сметајќи дека истиот е неповолен за Ерменија.

Покрај зградата на ерменскиот парламент, демонстрантите ја зазедоа и зградата на Владата на Ерменија и го демолираа инвентарот. Како што пренесува „Спутник“, претседателот на ерменскиот парламент Арарат Мирзојан е претепан од страна на демонстрантите.

Бројни снимки од местото на инцидентите се појавија на социјалните мрежи и ја прикажуваат исклучително драматичната ситуација, а на едно од видеата може да се види моментот на линчување на претседателот на парламентот.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, демонстрантите го опкружија автомобилот на претседателот на ерменскиот парламент и започнаа да удираат по него. Како што пренесува „РТ“, тој е пренесен во болница и се наоѓа во критична состојба.