Д-р Несторовиќ: Јадете лук и излегувајте околу пладне

631

– Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени на респираторниот тракт, туку и на сите други органи. Постои јасна корелација помеѓу бројот на заболени од рак и степенот на загадување на воздухот, а слично е и со сите други болести – вели во интервју за „Блиц“ пулмологот проф. д-р Бранимир Несторовиќ.

Во последните денови и недели, воздухот во Србија има и боја и мирис. Бројот на деца со респираторни проблеми расте од година во година, а тешките метали што ги вдишуваме трајно остануваат во нашето тело и предизвикуваат бројни болести.

Сведоци сме дека аерозагадувањето е сè поголем проблем во нашата земја. Дали расте бројот на деца со респираторни проблеми?

– Загадувањето на воздухот е една од најважните причини за болести и смрт, според Светската здравствена организација. Друга причина е бучавата. Кога започнав да се занимавам со ова, бројот на деца со заболувања на респираторниот тракт беше мал (под еден процент од сите деца). Тековните проценки се дека скоро секое шесто дете има астма, над 20 проценти од децата имаат алергиска кивавица, а во пораст се и други болести на респираторниот тракт (вклучувајќи ги и респираторни инфекции). Јас секоја среда работев во амбулантата на Клиниката, бројот на пациенти од 5 до 10 на почетокот на мојата кариера, се зголеми на 30-40 пациенти.

Кои се најагресивните честички за нашите бели дробови?

– Иако многу се зборува за честичките (POM2,5 и PM10), гасовите се многу поважни, бидејќи тие продираат подлабоко во органите за дишење. Честичките предизвикуваат болести на горниот респираторен тракт и на големите дишни патишта (синузитис, бронхитис и лачење секрет). Гасовите се причина за астма, хронични опструктивни заболувања и веројатно рак (овде посебно се издвојуваат гасовите кои настануваат при согорување на филтерот на цигарата – во чијшто состав влегува целулозен ацетат). Најагресивен е сулфур диоксидот, кој се формира со согорување на јагленот во електраните, но не треба да заборавиме и на озонот (што се создава во моторите со внатрешно согорување, особено од дизел моторите).

Може ли да зборуваме за најчувствителната возраст, кога станува збор за аерозагадувањето и неговото влијание врз белите дробови?

– Најчувствителни се децата до тригодишна возраст, бидејќи нивните бели дробови се во фаза на развој. Оштетувањето во овој период може да има трајни последици. Оваа група е исто така многу подложна на вирусни инфекции и тие дополнително го влошуваат оштетувањето на белите дробови предизвикано од аерозагадувањето.

Кои се подоцнежните болести што можат да се развијат кај луѓе кои биле изложени на загаден воздух како деца?

– Најчести се астма и хронично опструктивно белодробно заболување и кај горниот респираторен тракст, хроничен синузитис. Оштетувањето на белите дробови од аерозагадувањето доведува до намалување на отпорноста кон разни инфективни агенси, така што е познато дека жителите на градовите каде аерозагадувањето е високо често имаат напади на отежнато дишење или повторена пневмонија.

Дали аерозагадувањето предизвикува одредени алергиски реакции?

– Оштетувањето на слузокожата доведува до полесно продирање на алергените преку слузокожата на дишните патишта, а тоа го олеснува развојот на алергиска сензибилизација. Испитувањата во Јапонија покажуваат дека процентот на луѓе со астма е директно пропорционален со оддалеченоста на куќата од автопатот. Исто така, честичките на алергенот (особено поленот) се врзуваат за честичките од аерозагадувањето. Ова го олеснува вдишувањето, вдишувањето доведува до воспаление на слузокожата и таквата воспалена слузокожа често станува алергиска.

Може ли загадениот воздух систематски да го оштети целиот организам?

– Како последица на внесување на честичките од загадениот воздух, се зголемуваат слободните радикали на кислород (и тие се основниот фактор за оштетување на нашите ткива и ДНК). Ефектите од загадувањето на воздухот не се ограничени на респираторниот тракт, туку и на сите други органи. Постои јасна корелација помеѓу бројот на заболени од карцином и степенот на загадување на воздухот, и слично е со сите други болести. Тешките метали од фосилните горива се депонираат трајно во организмот и имаат бројни негативни последици.

Која е најдобрата заштита?

– Специјализираните маски (N95 и N99) ја намалуваат количината на вдишани честички за 40 до 70 проценти, тие не влијаат на гасовите (освен ако имаат филтер од активен јаглен, кој мора да се менува). Малку помагаат хируршките и платнените маски. Квалитетните прочистувачи на воздухот можат да бидат корисни, бидејќи го намалуваат бројот на честичките и гасови до ниски вредности. Особено добри се оние со високи вредности на циркулација на воздухот, бидејќи овозможуваат филтрирање на воздухот за околу шест до 10 минути по проветрување на просторијата. Ова е особено важи за станови покрај пат или во центарот на градот.

Што треба да се користи во исхраната треба за да се неутрализираат токсините што ги дишеме?

– Природните антиоксиданти се најдобро решение (од витамин Ц, кверцетинот од лукот, ресвератролот од црвеното вино). Тие ги спречуваат оксидативните процеси кои се забрзуваат под влијание на аерозагадувањето.

Еднаш зборувавте за коријандерот и неговата способност да ги собира тешките метали од нашето тело. Која друга превенција постои за да избегнеме децата да ни завршат на кортикостероидна инхалациона терапија?

– Коријандерот е силен антиоксиданс, го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем, го намалува шеќерот во крвта. Сокот од цвекло ги отстранува тешките метали од нашето тело, а водата богата со силициум единствено може да го отстрани алуминиумот, што го има во изобилство во амбалажите и храната (се додава за да се продолжи рокот на траење, бидејќи го намалува процентот на киселина во производите).

Кое време е безбедно да се биде надвор во период кога воздухот е загаден?

– Најдобро е да излезете околу пладне, особено кога има струење на воздухот (ветерот ги носи честичките и гасовите). Треба да шетате покрај река, бидејќи водата ги раствора гасовите од аерозагадувањето, така што нивната концентрација на тие места е помала.