Џордан Тејлор Кларксон = eден од најпотценетите бекови-шутери во NBA.Иако е роден и израснат во Тампа (Флорида) реши да настапува за репрезентацијата на Филипини, поради своите фамилијарни корени. Веќе 5 сезони настапува во најсилната кошаркарска лига.
Започна како талентиран играч од клупата за резерви во Лос Анџелес Лејкерс во 2014 година. Избран во втората рунда како 46 пик, тој беше вистинско пријатно изненадување. Уште како дебитант беше избран помеѓу најдобрите 10 новајлии во лигата. Од година во година растеше неговата минутажа како и бројот на постигнати поени.
По размената во Кливленд Кавалирс (во 2018 година) стана јасно дека на Кларксон се гледа како исклучително важен поентер кој му е потребен на шампионски конкурент. Успеа со својот нов тим да се пласира во финалето но за жал загуби од Голден Стејт Вориорс.
Во сезоната која измина беше размент во тимот на Јута Џез. На 24 Декември 2019 година, стана нов адут на еден од највозбудливите тимови во западната конференција. Таму “Џеј-Кларк” покажа исклучително ефективна и зрела игра за минутажата која му беше дадена на располагање.
Според многумина аналитичари, тој е еден од најпотценетите стрелци во NBA. Постигнуваше речиси 16 поени за само 24 минути поминати во игра. Неговата ефикасност и поентерски потенцијал го прави исклучително интересен за останатите тимови.
Кларксон овој преоден рок е слободен играч. Нема да биде никакво изненадување доколку добие богата понуда од повеќе тимови. Останува да видиме дали “џезерите” се подготвени да го задржат во својот состав или примамливите понуди однадвор ке го разделат од Солт Лејк Сити, градот во кој за многу кратко време стана миленик на публиката.
Уживајте во најубавите потези на Кларксон од сезоната која измина.
NBA FAN
Димитар Младеновски