Серијата „The Queen’s Gambit“ стана хит за многу кратко време откако приказната за талентираната млада шахистка Елизабет Хармон која рано останува без родители и се бори со зависност од детството го освои светот, а главната улога ја толкува младата актерка Ања Тејлор Џој.
На 24-годишната убава Американка ова не ѝ е прва актерска улога, но сигурно е највпечатливата и истата ја вивна кон славата и раните нагаѓања дека наскоро ќе стане една од кандидатките за престижната филмска награда Оскар.
Ања е родена во 1996 година на Флорида, а својот помалку егзотичен изглед им го должи на аргентинските корени на својот татко и шпанските корени на својата мајка. Поради работата, нејзините родители постојано се селеле, па така таа живеела ширум светот заедно со своите 5 браќа и сестри – од Флорида и Мајами, преку Буенос Аирес па сè до Лондон. Џој зборува 4 странски јазици, како девојче посетувала балет, а денес е една од најуникатните актерки во Холивуд.
„Пораснав на многу различни места. Им припаѓав на сите, но во истовреме не му припаѓав на ниту едно од нив“, изјавила Ања.
Таа на своите родители им открила дека сака да биде актерка уште како девојче, а благодарение на нејзиниот изглед, ја забележала модната агентка која ја открила и славната Кејт Мос. Сличен момент ѝ се случил кога ја забележал еден од членовите на актерската екипа на серијата „Downtown Abbey“, па својата прва актерска улога ја добила пред 20-от роденден.
Оттогаш се поминати 4 години, а Ања се појавила во вкупно 19 филмски и телевизиски проекти помеѓу кои се и „Peaky Blinders“, биографијата за Барак Обама и спин-офот на „X-Men“.