Оваа слика сосем случајно разделила цело семејство, забележувате ли нешто чудно?

591

Некои грешки, можат скапо да не чинат.

Веруваме дека сите барем еднаш на шега сме рекле: “Најверојатно повеќе ми веруваш мене, отколку на своите очи?

Бидејќи навистина, некогаш треба да им веруваме на сопствените инстиктни и она на кое што сведочиме, отколку на она што некој ни го кажува.

Но, што кога очите навистина ќе не излажат?

Во тој случј, доаѓа до огромна збрка која не само што може да ги уништи празниците, туку и животот на едно семејство.

Имено, Кејтлин Ре, Инстаграм инфлуенсерка, доживеала неверојатна непријатност, откако на социјалните мрежи поставила своја фотографија, направена пред божиќно дрво во центарот Рокфелер, Њујорк.

На прв поглед, би можело да се каже дека објавата е сосем обична. Впрочем, што е тука толку чудно? Убаво облечена девојка, елка, украси, новогодишна атмосфера…

Сепак, она што целата ситуација ја искомплицира е пораката која ја добила од една девојка, која истакнала дека позади Кејтлин се наоѓа нејзиниот татко и тоа со својата љубовница.

“Дали ти се шегуваш со мене? Тоа позади тебе е мојт татко кој рече дека оди на деловен состанок. Знаев дека е таков”, напишала бесната девојка.

Кејтлин останала вчудоневидена од пораката, како и од скриншотовите и својата фотографија, која ја споделила на Твитер со порака: “Среќен Божиќ, јас штотуку разделив едно семејство со објава на Инстаграм”.

Фотографијата набрзо стана вирална, но после некое време, се јави и Бруно, момчето кое е всушност на фотографијата со својата девојка.

“Хм, мислам дека малку си згрешила девојко. На фотографијата сум јас, а колку што знам, јас не сум ти татко”, истакнал Бруно и доколку ништо, и олеснил на Кејтлин, која поради целата ситуација имала грижа на совест, иако не била виновна за ништо.

После целата оваа ситуација, се надеваме само дека девојката не направила некаков проблем во семејството поради фотографија, на која се испоставило дека всушност, нејзиниот татко не бил воопшто присутен.

Што вие би направиле доколку се најдете во ваква ситуација?