Истокот на Русија „окован“ во мраз: Нема струја и вода, со чекани го кршат мразот од автомобилите

602

Најмалку 150 илјади луѓе денеска останаа без вода и струја на рускиот Далечен исток и во градот Владивосток, откако заврна дожд на причично ниски температури.

Локалните власти прогласија вонредна состојба, а според зборовите на Елена Пархоменко од локалната власт, ситуацијата е „многу тешка“ со снабдувањето со електрична енергија.

„Ледениот“ дожд кој го погоди Владивосток и регионот ги „окова“ каблите и дрвјата со мраз со дебелина од 12 милиметри. На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како се замрзнати автомобилите и градската инфраструктура.

„Вакво нешто не е видено во последните 30 години“, изјави шефот на регионалната метеоролошка служба Борис Кубаи.