Фудбалерите на Бока Јуниорс ја расплакаа ќерката на Марадона со прекрасен гест (ВИДЕО)

670

Бока Јуниорс синоќа на „Ла Бомбонера“ го совладаа тимот на Њуелс Олд Бојс со 2-0. По постигнувањето на првиот гол, што го постигна Кардона директно од слободен удар, сите фудбалери на домашниот тим отидоа до ложата на Диего Армандо Марадона.

Таму седеше неговата ќерка Далма, која од мали нозе одеше со нејзиниот татко на натпреварите на Бока. Фудбалерите и аплаудираа, а Далма не можеше да ги задржи солзите, преплавена од емоции по смртта на нејзиниот татко во средата.