„Милионерите“ ја имаа улогата на фаворит на оваа средба, во која се очекуваше да има и многу голоови, поради што пасионираниот типстер од Кисела Вода ја има одиграно дека тие ќе победат и дека ќе паднат најмалку три голови. Германскиот тим имаше шанси, но не успеа да дојде до победничкиот гол, со кој себе си ќе си осигураше втора фаза од ЛШ, а на скопјанецот полн џеб со вкупно 1,73 милиони денари.
Пасионираниот обложувач одбрал осум натпревари кои ги играл на конечен победник со вкупно голови, кои потоа различно ги комбинирал знаците, а имал и едно ливче со најсигурните шест, но за несреќа од таму го исфрлил Јувентус, кој излезе како што треба, а го оставил Дортмунд, кој го зави во црно. Неговата вкупна уплата изнесувала 1.500 денари.