Се прашувате како некои луѓе постојано се среќни? Едноставно! Имаат само 3 животни навики

537

Нивото на среќа не е исто кај сите луѓе, но обидете се во својот живот да ги воведете овие три навики.

Нивото на среќа е индивидуална карактеристика на секој поединец. Сепак, постојат животни навики кои што ги карактеризираат луѓето кои што речиси секогаш се среќни и насмеани.

Имено, истражување од Универзитетот „Northwestern“ го мерело нивото на среќа кај вообичаените, задоволни луѓе и оние кои што добиле пари на лотарија.

Нивото не било исто, но вообичаените луѓе имале три заеднички карактеристики, пред се животни навики кои што директно влијаат на нивното ниво на задоволство.

Тоа се следните навики:

1. Почитувајте ги своите мали моменти на уживање

Луѓето по природа влегуваат во секојдневна рутина и на некој начин тоа е добро затоа што ни штеди енергија како и драгоцено време. Меѓутоа, понекогаш толку многу се држиме до своите рутини што не ги почитуваме ситниците во животот. Среќните луѓе знаат колку е важно да се ужива во вкусот на утринското кафе или пак оброк, впуштајќи се во разговор со своите пријатели или пак излегување на свеж воздух надвор.

2. Опкружени се со вистинските луѓе

Среќата се шири низ луѓето. Доколку сте опкружени со среќни луѓе тогаш вие градите самодоверба, ја поттикнувате вашата креативност и забава. Дружењата со негативните луѓе имаат спротивно влијание. Размислете добро со какви луѓе сте опкружени во вашиот живот.

3. Доволно спиење

Додека спиете вашиот мозок се ‘обновува’, ги отстранува токсичните протеини кои што се собрале во текот на денот како нуспродукти на нормалната невронска активност. Тоа обезбедува да се разбудите со ‘разбистрена’ глава. Енергијата, концентрацијата и памтењето се намалени кога луѓето помалку спијат (недоволно). Намалениот сон го поттикнува хормонот на стрес, па дури и доколку не се соочувате со стресни ситуации.