Заев: „На другите им е лесно, тие се на топло, а ние сме на ладното и сакаме да влеземе внатре“, за да се стоплиме

494

Премиерот Зоран Заев вечерва во Топ тема на Телма изјави дека Македонија нема намера да се меша во внатрешните работи во Бугарија.

Вели дека не може еден народ на друг народ да му ја наметнува својата историја.

„Не била распарчена Македонија, немало такви работи како што зборуваа дека Заев ја распродава Македонија. Мене ми е драго што стојат солидарно со нас и помалите заедници“, рече Заев.

Вели дека ако однапред се исцртаат црвените линии, нема да има простор за преговарање и преговорите веднаш ќе завршат.

„На другите им е лесно, тие се на топло, а ние сме на ладното и сакаме да влеземе внатре“, рече Заев.

Мораме да грабаме напред и тоа како Македонци, додаде премиерот.

„Храброта и прагмата во политиката мора да одат заедно, тука е и мудроста, трпението“, вели Заев.

Вели дека со стоењето во место само губиме и така било цели 27 години. Како пример ја спомена Хрватска, која ја престигна Македонија, сега е членка на НАТО и ЕУ.