Лекот ивермектин е стар и евтин лек, кој се покажа ефикасен во лекувањето на ковид-19, изјави вчера професорот Драган Даниловски во разговор за Сител. Вели дека тој лек се користи од март во Австралија, во Нов Зеланд, во источните земји.
„Ако ги погледнеме бројките на смртноста, ќе видиме дека секаде каде што се употребувал ивермектин, смртноста е помала, рече проф. д-р Даниловски.
Лекот кај нас се употребува за лечење животни, во прашкаста форма. Професорот се надева дека ивермектинот, во таблетарна форма, наменет за луѓе ќе почне набрзо да се употребува и кај нас. Тој истакна дека лекот, освен што помага при лекување на болните од Ковид-19, дејствува и профилактичко.