Рускоска за амнестијата за 27 април: Обвинетите во тој случај не се терористи, тоа беше политичка одлука, Катица Јанева го згасна СЈО

582

Обвинителката Вилма Рускоска, вечерва на гостувањето на Канал 5 во „Само вистина“, зборуваше за актуелните случувања со судството, за сега веќе згаснатото СЈО.

Таа зборуваше и за настаните на 27 април, истакнувајќи дека обвинетите не се терористи, а дека помилувањето било политичка одлука.

-Ако некој беше повреден од таа аменстија, тоа бевме јас и мојот тим. Немав избор, морав да го следам законот-изјави Рускоска и додаде:

-Веќе кажав дека обвинетите за 27. април не се терористи. Требаше да одговараат само за рушење на уставниот поредок- изјави Рускоска.

Вилма Рускоска за згаснатото СЈО, рече дека за нејзиното непостоење е виновна само Катица Јанева.

„СЈО се уште ќе постоеше ако Катица Јанева се однесуваше како што треба. Предметот „Империја“ не е оштетен. Даден е на вештачење, и вештите лица ги вештачат доказите. Делото нема да застари“, рече Рускоска и додаде:

„Катица Јанева одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор, а потоа и други пари-додаде обвинителката.

Рускоска рече дека 17 предмети превземени од СЈО се во истрага, а околу 47 во предистрага.