„Меси треба да потпише за Наполи, а ако освои титула – тоа ќе биде филмско сценарио“

528

Лионел Меси по завршувањето на оваа сезона ќе ја напушти Барселона и ќе биде слободен агент. Многу големи клубови како Манчестер сити и ПСЖ се подготвени да му понудат огромна плата за да потпише со нив.

Неговиот поранешен соиграч Кевин Принц Боатенг има интересен предлог за Аргентинецот. Да потпише за Наполи, да заборави на парите и така да му оддаде почит на својот идол Диего Армандо Марадона.

„Често слушам за споредбите помеѓу Марадона и Меси и затоа би сакал да му предложам на на Лео да оди во Наполи кога ќе му истече договорот со Барселона. Би било одлично доколку лично му се јави на Аурелио де Лаурентис и му рече, ‘доаѓам’. Иако го повлекоа дресот со број 10 тој би можел да рече, ‘би сакал да да го испочитувам дресот на Марадона и да одиграм сезона или две за Наполи’, без да размислува многу за пари, туку само со срцето. Можеби ќе успее да освои титула и тоа секако би било филмско сценарио. Да бев јас на негово место, ќе размислев. Веќе има освоено сè што може да се освои на клупско ниво, завршување на кариерата на легендарен начин би било неверојатно“, изјави Боатенг за „ЕСПН“.