NBA колумна на Димитар Младеновски-Перфектно деби за Дени Авдија (ВИДЕО)

1202

Април годинава, пишувавме за еден од најсјајните европски таленти.

NBA колумна на Димитар Младеновски- Дени Авдија, запаметете го ова име (ВИДЕО)

Во својот прв натпревар (со својот нов тим) Дени беше перфектен. На гостувањето во Бруклин, Авдија постигна 15 поени со 100% успешност на шутевите од поле (6/6). Иако “волшебниците” загубија со 119-114, овој подготвителен натпревар покажа зошто челниците на тимот се решија на драфтот да го одберат 206 сантиметри високото крило. Тимот од главниот град на САД претрпе големи промени во текот на преодниот рок. Нивниот најдобар играч во последната декада, Џон Вол, го испратија во Хјустон а во своите редови го доведоа поранешниот најдобар играч во лигата, атрактивниот Расел Вестбрук. Управата на тимот, од самиот старт ,има намера талентираниот Авдија да го вметне во стартната петорка и да му довери сериозни задачи.Талентот кој го поседува е неспорен. Она што воодушевува во неговата игра е дисциплината и високото ниво на зрелост. Популарниот “Зуфи” штотуку го започна своето NBA патување. Следат најубавите моменти од неговиот прв меч во дресот на “волшебниците”.

NBA FAN

Димитар Младеновски