Плејбој зајачицата пронајдена мртва во својот стан: Полицијата потврди дека станува збор за убиство

1007

Манекенката Кристина Карлин Крафт е убиена во својот стан недалеку од Филаделфија и полицијата трага по убиецот. Полицијата во средата го пронајде телото на Крафт (36) во нејзиниот кревет во Ардмор.

Аутопсијата покажа дека станува збор за убиство и дека причината за нејзината смрт била давење. Извори кажуваат дека на безбедносните снимки се гледа маж како ја следи манекенката до нејзината зграда пред да биде најдена мртва.

Се претпоставува дека убиецот побегнал преку терасата, иако од полиција не кажуваат кој ги повика во нејзиниот стан. Засега никој не е уапсен и истрагата е во тек.

Како што соопшти претходно полицијата, тие веќе имале интервенирано во нејзиниот стан поради кражба, откако неколку дена пред да почине пријавила дека ѝ недостигаат неколку парчиња накит и брендирани чанти. Полицијата успеа да врати одредени предмети, но не сè знае дали крадецот има некаква врска со убиството.

Крафт се преселила во станот пред една недела, во мирно предградие Ардмор. Манекенката рекламирала повеќе брендови за долна облека, накит и фустани. Крафт има позирано и за Плејбој, но тие фотографии биле изработени со “вкус” и претставувале олицетворение за холивудски гламур. Се има појавено и во “Vanity Fair” и “Maxim”.

Крафт пред неколку години учествуваше во еден инцидент кога физички го нападна менаџерот на еден ресторан. Сергеј Анокин рекол дека таа го удрила во грбот па помеѓу нозете, откако таа и пријателите одбиле да ја платат сметката.

“Момчето не сакаше да плати, па менаџерот интервенираше. Таа беше под дејство на алкохол и тврдеше дека менаџерот ја турна, но постои видео снимка која покажува дека лаже”, рече неименуван извор.