Убавецот Белан нема повеќе да ја краси црквата Св. Архангел Михаил, белиот паун беше растргнат од улични кучиња

923

Прекрасниот бел паун, Белан викендов беше растргнат од глутница кучиња кои се собираат во скопската населба Автокоманда во близина на црквата Свети Архангел Михаил.

-Толку било убавецу наш.
Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.
Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна.
Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов, пишуваат на Фејсбук од црквата Св. Архангел Михаил.

Во продолжение прочитајте ја целата објава