Поради нив имунитетот може драстично да ослабне: Дали и вие ги поседувате овие навики?

524

Во овој период, кога епидемијата на коронавирусот е во полн ек, силниот имунитет е приоритет.

Дали сте знаеле дека одредени навики и чувства можат да го нарушат имунолошкиот систем и да го направат телото помалку отпорно на болести и вируси?

За да може организмот да се одбрани, потребно е редовна физичка активност, доволно сон и доволен внес на витамини, велат лекарите.

Покрај тоа, се препорачува да ги искорените следниве навики и да поработите на вашите чувства.

Долго седење

Отсуството на физичка активност нѐ прави помалку отпорни, но и подолго болни ако вирусот успее да нѐ нападне.

Едно истражувањето објавено во британскиот „Журнал за спортска медицина“ покажало дека инфекциите на респираторниот тракт траат 42 отсто подолго кај луѓето кои не вежбале и имаат посилни симптоми од оние кои вежбале аеробни вежби 5 пати неделно.

Склоност кон стрес

Не е лесно да се остане имун на стресни ситуации, но доколку сакате добро здравје, мора да научите подобро да се справувате со тоа. Константната изложеност на стрес може да направи вистински хаос во организмот.

Една студија покажала дека луѓето кои се изложени на долгорочен стрес имаат поголеми шанси да настинат.

Осаменост

Едно 5-годишно истражување покажало дека луѓето кои се чувствуваат осамено се поподложни на вируси и настинки.

Осамените луѓе имаат поголемо ниво на хормон наречен норадреналин во крвта. Овој хормон го поттикнува телото да произведува бели крвни зрнца кои се „борат“ против повреди или оштетувања, но истовремено го забавува делот на имунолошкиот систем кој се бори против вирусот.

Кога се чувствувате осамено или тажно, јавете му се на некој пријател или член на семејството – тоа е најдобриот начин да помогнете во јакнење на имунитетот. Поддршката од блиските луѓе е од големо значење овој период.